Историја
Пионер на денталната индустрија 2
![]() ![]() |
Космополит, љубител на уметност, и фамилиарен човек. Како член на Берлинското здружение за воздушно патување, тој учествувал во повеке летови со балон на топол воздух. Неговите планински екскурзии го доведиле до највисокиот врв на Алпите. На еден Бал на Берлинската Алпинска Асоциација во 1904г. Ото ја запознал неговата најголема љубов, 28 години помладата Луси Штегер. Тие се венчале во Јули наредната година во новоосветената Берлинска Катедрала. Тие имале три деца: Хелмут (1906), Ингеборг (1909) и Дитберт (1916). Како покровители и колектори на уметнички дела тие заедно посетиле многу изложби на Berliner Secession. |
Нивната престижна вила била дизајнирана од берлинскиот архитект Лудвиг Оте а градината од Десавскиот градинар Ханс Халерфорден. (Куќата и градината денеска се заштитени зо законот за знаменитости) Љубовта на Ото Хофман за уметност придонесла за неговата музичка страна, свирење на пиано. Тој свирел секој ден по три часа во неговата музичка просторија. Неговиот син, Дитберт, се сеќава кога бил мал често седел под гранд пианото и го слушал татко му како свири. Најголема страст на Ото Хофман сепак останала работата како хемичар на која останал посветен се до својата 83 година. Кога починал во 1938, голем собир на ожалостени лица го испратиле до неговиот вечен дом, гробиштата Dahlemer Waldfriedhof. |









